Како раководител на берберските работници, бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ од 1940 година и член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќепати бил апсен.
Учество во НОБ
По фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. По провалата во Битола во април 1942 година, непосредно по убиството на Орде Чопела, бугарската полиција извршила упад во куќата каде била сместена техниката. Вангел Тодоровски успеал да го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил.
Во негова чест, една од градинките во Битола го носи неговото име.[5]
Наводи
↑„Битолските народноослободителни партизански одреди“, Друштво за наука и уметност, Битола, 1982, 56-57 стр.
↑„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1490 стр.