Ќерамидарка — археолошко наоѓалиште во делчевското село Нов Истевник. Претставува населба од доцноантичкото време. На левиот брег на долот Каракостовски Ендек, до утоката на реката Желевица, на голем простор има грамади од камења и делови од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 130. ISBN 9989649286.