Петрушевец — археолошко наоѓалиште кај местото Чифлик во општина Дечево.
Претставува некропола и могили од римско време.
Јужно од населбата, во непосредната близина на зградата на земјоделското стопанство, до самата куќа на М. Димитров има 2 добро зачувани могили. Едната е со пречник од 20 м во основата и височина од 4-5 м, а другата, која е триесетина метри подалеку, има пречник од 15 м во основата и височина од 4 м. На околу 1 км источно од куќата на Димитров се наоѓа уште една могила со пречник од 20 м во основата и височина од 5 м.[1]
Поврзано
Наводи