Грнчарица — археолошко наоѓалиште во околината на село Разловци.
Претставува населба од доцноантичкото време, старохристијанска црква и некропола. На 2 км јужно од селото, на пространа тераса на левиот брег на Брегалница се гледаат остатоци од голема населба. На простор од 200х300 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. На горниот крај на наоѓалиштето се забележуваат темели од мала црква околу која има гробови градени од камени плочи.[1]
Поврзано
Наводи