Даутов Чукар (Стар Истевник)

Даутов Чукар

Карта

Местоположба 41°52′20″N 22°51′21″E / 41.87222° СГШ; 22.85583° ИГД / 41.87222; 22.85583
Основни податоци
Место Стар Истевник
Општина Делчево
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Даутов Чукар археолошко наоѓалиште во околината на местото Стар Истевник кај градот Делчево. Претставува градиште од доцната антика.

На местото каде што од главниот пат Делчево - Пехчево се издвојува патот кон селото Истевник се издига висок рид со доминантна положба. Врвот на ридот е зарамнет простор со површина од околу 150 × 100 м на која се зачувани темели од бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината се среќаваат и фрагменти од керамички садови, тегули и покривни ќерамиди[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 131, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!