Јазова Чука — тумули од железното време. По стариот пат што води од Делчево кон Каменица, на 800 м пред Јазова Чука има 2 тумула кои се делумно оштетени. Едниот е со пречник од 20 м во основата и зачувана височина од околу 1m, а вториот, кој е на околу 40 м јужно од првиот, има 12 м во пречникот на основата и околу 0,50 м височина.[1]
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.