Свети Никола — главна селска и средновековна црква во охридското село Косел.[1]
Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.
Историја
Црквата потекнува од XV век.[2]
Архитектура
Поседува специфична архитектура со мали димензии. Слична е на повеќето еднокорабни цркви во околината на Охрид.[2]
Црквата е едноставна градба од продолжен тип. Има ниска тристрана апсида.[3]
Фрескоживопис
Фреските до започнувањето на конзервацијата биле многу оштетени.[3]
Конзервирање
Во 2014 година се реализирала шестата фаза од проектот за реставрација и конзервација на црквата. Интензивно бил обновен целокупниот фрескоживопис.[2] Последната фаза чинела околу 3,9 милиони денари и била реализирана од стручни екипи на Заводот и музеј Охрид со поддршка на Министерството за култура.[4]
Во рамки на претходните фази кои се спроведувале во периодот 2008-2014 била извршена конзервација на архитектурата на црквата, која се наоѓала во многу лоша состојба и постоела опасност за рушење.[5] Објектот бил статички зајакнат, целосно бил препокриен, бил расчистен просторот и биле заменети старите врати со нови.[2]
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски