Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во охридското село Лескоец.[1]
Местоположба
Црквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото.[2]
Историја
Црквата била изградена во 1462 година.[3] Оваа година е спомената и во ктиторскиот натпис од наосот. Како ктирот се јавува спахијата Тоде и неговата жена Булка, претставници на христијанското благородништво.[4]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна, со полуоблест свод и тристрана апсида. Во 1989 година, на западната и на јужната страна, изграден е трем. Во 1990-тите години, црквата добила нов кров, нова припрата и камбанарија.[3]
Во 1898 година црквата е обновена со тоа што е доѕидан трем од западната и јужната страна.
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој е добро сочуван.[3]
Посебно треба да се истакнат композициите „Тајната вечера“, „Миење на нозете“, „Причестување на апостолите“ и сцените од „Маките на Христос“.
Галерија
Надворешноста
-
Плоча на црквата
-
Поглед на црквата
-
Влезот
-
Чешма
-
Апсидата
Внатрешноста
-
Тоде и Булка Пулијанови, фреска во црквата од 1426 година
-
Св. Климент Охридски со модел на градот Охрид во рацете
-
Големиот Деисис
-
Големиот Деисис
-
Големиот Деисис
Поврзано
Наводи
Надворешни врски