Куќа на Коле Котуше

Куќа на Коле Котуше
Куќата во 2021 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 59
ул. „Цар Самоил“ бр. 55 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови2

Куќа на Коле Котуше — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1][2] Градбата е заведена како Споменик на културата под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 55.[3]

Историја

Куќата во 2022 година.

Куќата е сместена во маалото Варош, на улица „Цар Самоил“ бр. 59 (стар број: 55). Изградена е во XIX век и се вбројува во неколкуте наполно зачувани староградски куќи во Охрид.[1] Му припаѓала на Коле Котуше.[4] Куќата била надворешно обновена во периодот 2016-2017 година.

Архитектура

Преживеаниот прв кат.

Во прво време куќата имала приземје и два ката, од кои во вториот имало училиште. Подоцна тој кат е урнат, веројатно заради нарушената стабилност на градбата. Приземјето и катот се целосно зачувани со исклучок на функционалните промени во внатрешноста. Главниот влез е од улицата „Цар Самоил“, а помошниот е од сокакот на запад, преку затворениот двор од јужната страна. Фасадата има карактеристични полукружни прозорци со дрвени капаци, што е посебен случај во градот. Градбата е типична за своето време во Охрид — визбата и приземјето се камени, а катот е бондручен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Подовите и таваните се од штици, со исклучок на подрумскиот под, кој е од калдрма. Преградните ѕидови се дрвени. На приземјето има ходник, кујна и една одаја, а на катот има три одаи, од кои едната е чардак, подоцна пренаменет во просторија за живеење. Фасадата ги има оригиналните дрвени опшиви околу прозорците. Пред реставрацијата, фасадата на катот имала специфична сина боја.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.Цар Самуил бр.55“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-28. Посетено на 28 септември 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37–38.
  3. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 4 август 2022.
  4. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!