Поранешно училиште „Свети Сава“ — историска училишна зграда во стариот дел на Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Местоположба
Зградата се наоѓа во рамките на Самоиловата тврдина, на доминантна висорамнина на ридот Дебој во маалото Месокастро. Сместена е блиску до „Пресв. Богородица Привлептос“ и „Св. Константин и Елена“.[1] Адресата е ул. „Нада Филева“ б.б.
Историја и архитектура
Училиштето е е изградено во 1898 – 1899 г. во неокласичен стил со барокни елементи во ренесансен манир. Зградата иам приземје, кат и делумен подрум. Изведена е во масивна конструкција — најдолниот дел е од камен со изразени фуги, а приземјето и катот се од тули со дрвена меѓукатна конструкција. Покривната конструкција е дрвена, а покривот е четириводен, покриен со стари ќерамиди и дасчена оплата. Фасадата има строги геомтериски облици со богата декорација. Прозорците имаат профилирани венци и триаголни тимпанони и фризови.[1]
Во 1980 г. зградата е санирана, ремонтирајќи го покривот и обновувајќи ја електричната и водоводната инталација. Подрумот (или приземје гледано од понискиот дел) на зградата е пренаменет во копаничарска работилница. Потоа одржувана е само оваа просторија бидејќи зградата повеќе не се користела за образовни цели. По 1980 г. градбата не се употребувала постојано. Срушени се делови од подот, а меѓукатната конструкција е уништена. Уништена е и фасадата. Освен подрумот, останатиот дел е затворен како опасен за посетители бидејќи е во состојба на рушење.[1]
Поврзано
Наводи