Црква „Св. Димитриј“ - Теарце

Свети Димитриј

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба
Место Теарце
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитриј Солунски
Изградба 29 август2000
Осветување 11 октомври 2007
Живопис 2005
Архитектонски опис

Свети Великомаченик Димитриј Солунски претставува најновата црква во тетовското село Теарце. Започната е со изградба во 2000 година, завршена е во краток период, а додека осветена е на 11 октомври 2007[1]. Патрониот празник на црквата се слави на Митровден, секоја година на 8 ноември.[2]

Изградба

Во 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ кој роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001година била изгорена влезната врата[3], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот.

Настани од 2001

И оваа црква како и другите цркви во тетовскиот крај не била поштедена од вандализмот на албанските терористички банди за време на тетовскиот конфликт. Истите тие во 2001 година стрелале со огнено оружје по фасадата на црквата, ја запалиле влезната врата[4] (најверојатно во обид да ја запалат целата црква),го искршиле и одстраниле Светиот Крст којшто се наоѓал во дворот на црквата, ја искршиле и одстраниле бистата на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ.

Наводи

  1. Михајловска, Лилјана (11 октомври 2007). „Осветена црквата во Теарце посветена Свети Великомаченик Димитриј Солунски“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2007-11-02. Посетено на 2010-09-09.
  2. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-09-09.
  3. „Опожарена вратата од црквата во Теарце“. А1. 11 август 2002. Посетено на 2010-09-09.
  4. „Опожарена црква во Теарце“. Утрински Весник. 2001. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!