Свети Троица или на Светото Тројство — една од трите селски цркви во тетовското село Блаце. Таа е главна манастирска црква, каде во самиот објет има извор на т.н. „Самовилска Вода“. Главниот празник се прославува на Духовден[1]. Манастирската црква е изградена на постар сакрален објект во наоѓалиштето „Самовилска Вода“.