Населбата се наоѓа во Долни Полог, во јужниот дел на територијата на Општина Брвеница, чиј атар делумно се издига на западната падина на Сува Гора. Селото е ридско, на надморска височина од 620 метри. Населбата од градот Тетово е оддалечена 23 км.
На 31 август 1944 година селото е нападнато од балисти со единствена цел да палат, пљачкосуваат и убиваат. До темели се изгорени 13 куќи и ѕверски се убиени 12 невини жители.
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 7,7 км2. На него шумите заземаат површина од 366,1 ха, на пасиштата отпаѓаат 229,2 ха, а на обработливото земјиште 159,8 ха. Во основа, селото има полјоделска функција.[2]
Мартиновци (11 к.)Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство)
Лековци (3 к.)староседелци.
Николовци или Домазетовци (7 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од сега албанското село Пршовце, го знаат следното родословие: Веселин (жив на 47 г. во 1940-тите) Трпче-Тодор-Петре-Тримче-Никола, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Стенче;
Во блаце на 4 јули 1969 по турнир во соседното село Милетино се формирал фудбалски клуб. Клубот го добил името „4 јули“ според името кога бил формиран. Натпреварите се играле на стадионот „Грбавица“ кој се наоѓа под селото.
Иселеништво
Од Блаце се иселиле многу луѓе, односно многу семејства. Поради тоа, бројот на населението е помал за разлика од историските податоци.
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“