Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 675 метри.
Историја
Во текот на XV век, селото имало 95 глави на семејства. Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 42 глави на семејства и четири неженети: Гин, Димитри, Брајко, Јован, Добри, Тодорос, Манко, Димитри, Алексан, Папа Јано, Козма, Владе, Јорг, Никола, Јано, Коста, Јано, Димитри, Тодор, Тришо, Алекса, Стајо, Јано, Андронико, Којо, Стајко, Згуре, Дабижив, Којо, Стајко, Згуре, Дабижив, Никола, Михос, Коста, Ралко, Димо, Томо, Михо, Стамат, Никола, Никола, Којо, Тодор, Којо и Нено, и седум вдовици Ѓура, Кала, Ирина, Мара, Илина, Тодора и Ѓура. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.826 акчиња[3].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тиолишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 99 куќи.[8]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 егзархисти и 232 патријаршиски македонски семејства[4][9]. Освен тоа, во селото функционирале бугарско и грчко училиште. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 500 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 120 македонски семејства[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[11] Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[12].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 443 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 604 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Тихион.[13] Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 57 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]
Демографија
Во 1928 година селото броело 697 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 844 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 801 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 675 жители, во 1971 година имало 572 жители, во 1981 година имало 624 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[16]. Денеска, населението на селото е 758 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
844
801
675
572
624
710
758
685
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија