Селото се наоѓа на 20 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро и на 10 километри источно од грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 683 метри, во подножјето на планината Флацата. Во јужниот дел на врвот се наоѓа црквата „Св. Марина“, изградена во чест на победата на владините сили над ДАГ во Граѓанската војна.
Историја
Во XVI век во Ошени биле евидентирани 105 глави на домаќинства[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ошени се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 130 куќи.[7] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 македонски патријаршисти[4][8]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 80 Грци и 750 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски и 80 муслимански семејства[9], додека според Георги Христов, во селото имало и две влашки семејства[10]
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 695 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 824 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Инои.[12] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 572 лица[13], додека според други 153 семејства и 565 лица[14].
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 2 деца од селото биле протерани како деца бегалци[15]
Демографија
Во 1928 година селото броело 602 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 990 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1003 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 595 жители, во 1981 година имало 673 жители, додека во 1991 година имало 621 жител[16]. Денеска, населението на селото е 583 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
990
1003
823
595
673
621
583
475
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 110.