Селото се наоѓа на 8 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската котлина на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 680 метри.
Историја
Во XV век во Изглибе биле евидентирани 16 христијански и 3 муслимански семејства.[3].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Изгибле се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 32 куќи.[6]
Според грчка статистика од 1905 година во селото живееле 150 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 семејства[9]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[10]
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 218 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 177 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Порија.[12] Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[13], по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 3 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]
Демографија
Во 1928 година селото броело 206 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 271 жител.
Селото во пописот од 1951 година броело 188 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 208 жители, во 1971 година имало 220 жители, во 1981 година имало 241 жител, додека во 1991 година имало 335 жители[16]. Денеска, населението на селото е 457 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
271
188
208
220
241
335
457
512
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, р. 110.