Селото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро меѓу реките Белица и Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 634 метри.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тиквени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 45 куќи.[11]
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 200 жители[12]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 35 македонски семејства[13].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 207 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 145 жители, со 15 христијански семејства[15]. Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, едно лице се засолнило во Бугарија[12]
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Колокинту.[16].Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[17], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци[18], додека други 21 деца биле одведени од страна на грчките власти во Солун и биле предадени на фондацијата на кралицата Фредерика, Агија Тријада[19].
Демографија
Во 1928 година селото броело 220 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 282 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 215 жители, во 1971 година имало 285 жители, во 1981 година имало 604 жители, додека во 1991 година имало 614 жители[21]. Денеска, населението на селото е 704 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
282
204
215
285
604
614
704
744
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија