Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската Котлина. Селото се наоѓа на надморска височина од 795 метри.
Историја
Османлиски период
Во XV век во селото биле евидентирани 60 глави на домаќинства[3]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Жупаништа е спомената со 18 глави на семејства и двајца невенчани: Бале, Којо, Јорго, Алекса, Којос, Гон, Јорго , Крано, Ѓурко, Дуко, Стамат, Стане, Манко, Петру, Димо, Јано, Јорги и Николас. Вкупниот приход за државата од селото е 1.520 акчиња[4] . Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Жупаниште со 36 христијански семејства, 21 неженети и 3 вдовици. Освен христијанското, било евидентирано и едно муслиманско семејство[5].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жупаништа се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 123 куќи.[10]
Во август 1895 година Никола Суков од Жупаништа бил привлечен кон ВМОРО во Солун од Дамјан Груев, по препорака на Иван Чупов од Лабаница, проследуван веднаш од Кољо Зисов и Тољо Теохаров. По враќањето во Жупаништа тројцата млади жупанци го формирале револуционерниот комитет. По убиствата на Абедин бег од Костур и Касим ага од Капештица во пролетта 1900 година, револуционерното дело во Жупаништа се зацврстило и започнало да расте. На 8 спрема 9 декември во селото влегла подрачната чета на Атанас Петров и го мобилизирало речиси целото село во верност на ВМОРО и селото се претворило во еден од најпознатите револуционерни пунктови во Костурско, служејќи за излезна точка на комуникациите со Ресенско и Преспанско. Оваа улога се засилила особено по Илинденското востание во 1903 година, кога селото претставувало главен пункт на нестрамколската реонска чета. Во четите на ВМОРО учествувале седум селани - Пандо Сидов, селски војвода во востанието, а подоцна реонски и околиски, Никола Пантел, Насе Лисичов, Георги Гогов, Христо Кљашев, Трпко Шалапутов (од Орман) и Христо Ѓамов (од Орман) - а во востанието - 80 востаници, добро вооружени со сопствени средства. Жупанската чета на чело со Пандо Сидов, потпомогната од неколку чети ги прекинала телеграфските пораки на Костур-Билишта-Корча и Костур-Хрупишта, по кое учествувала во многу од борбите во областа[13].
За време на востанието жителите на селото го напуштиле и побегнале во внатрешноста на Корешта. Во овој период селото било ограбено и опожарено од османлискиот башибозук. Жртвите на селото се 17 мирни жители и востаници[14]. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август1903 година, биле изгорени сите 120 куќи и биле убиени поп Костандин (70 г.), Трпо Мелов (60), Кирнако Атанасов (15), Дине Наков (50 ), Наум Киријазов (22), Васил Шопов (45), Кољо Ноловски (75), Сидер Андреев (55), Панает Јанев (45), Насо Деловен (60) и Нико Апостолов (62)[15]. Во овој период биле опожарени и трите цркви во селото: Света Петка, Света Троица и Свети Илија[16].
По востанието на чело на револуционерниот комитет застанал Кољо Суков кој не ја дозволил во селото помошта на владиката Каравангелис и грчката митрополијат. Уште во пролетта 1904 година во селото влегла четата на Нумо Желински која го зацврстила револуционерниот комитет[17]. Грчка статистика од 1905 година го претставува селото како мешано грчко-мскедондко со 300 жители Грци и 400 Македонци[18]. По востанието селото настрадало од грчки андартски напади[19]. Во мај1905 година една грчка чета заробила 43 печалбари, меѓу кои 8 од селото кои патувале кон Грција во грчкото село Скумско и ги убило, додека преживеале само Зисо Потев и Томо Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш. Во 1906 година четата на гркоманот Лазар Апостолов убила 5 жени и едно девојче од Жупаништа, во 1907 година грчката чета го убила поранешниот четник на околинската чета на ВМОРО, Насо Лисичов, а во мај 1907 година градоначалникот Насо Гиров бил убиен од терористи на чаршијата во Костур[20].
На 22 февруари1907 година војводата Митре Влаот со тројца четници - Вангел Поп Христов, Андон Брештенски и Иљо Вмбелски пристигнал во селото од Апоскеп. Четата била предадена на турските власти преку мито дадено од костурскиот грчки владика Германос Каравангелис на Христо од село Шестеово (денес Сидирохори). По тешката битка сите четници биле тешко повредени. Митре Влаот по наредба ги убил своите другари, по кое и тој самиот се самоубил[21]. На 13 март1907 година, подрачната чета на ВМОРО влегла во селото и ги казнила со смрт на предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов, како и Христо Попов поради издавање на тајни. Според костурскиот раководител на ВМОРО Георги Христов ова убиство била грешка, бидејќи предавството не се должело на нив[22].
Грчки период
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[23]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 557 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 483 жители.
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија. Во селото имало 18 политички убиства.[24]. Во 1927 година, селото било преименувано во Ано Левки.[25]. Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[26], по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 71 деца од селото биле протерани како деца бегалци[24]
Демографија
Во 1928 година селото броело 471 жител.[27], додека во 1940 година селото броело 507 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 155 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 393 жители, во 1971 година имало 313 жители, во 1981 година имало 376 жители, додека во 1991 година имало 400 жители[28]. Денеска, населението на селото е 434 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
507
155
393
313
376
400
434
379
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 80.
↑Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 113.
↑Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 176 - 177.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 106.
↑Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.