Градски подрaчја во Шпанија со повеќе од 300 илјади жители
Кралството Шпанија спаѓа во најголемите и најбројните држави во Европа , па и шпанските градови се важни за континентот. Така, главниот град на Шпанија , Мадрид според бројот на жители на потесното подрачје е трет во целата Европска унија (после Лондон и Берлин , а пред Рим и Париз ), додека Барселона според некои показатели е најголем град во Европската унија без статус на главен град .
Шпанија ја карактеризира и висок степен на урбанизација, посебно во подрачјата на поголемите градови (Мадрид , Барселона ), додека пространите подрачја, посебно во внатрешноста (средишната и многу сушна висорамнина Мезета ), е скоро празна и без значајни градови.
Називи за град
Мадрид
Барселона
Валенсија
Во Шпанија постојат четири службени јазици - шпански , каталонски , баскиски и галисиски . Затоа постојат и четири официјални називи за град:
Градски подрaчја
Како и во повеќето држави и во Шпанија многу градови ги надминале своите управни подрачја и создале бројни предградија. Ова посебно е важно во случајот со Мадрид и Барселона .
10 најголеми градски подрачја во Шпанија во 2007 г. (според ЕСПОН):
Список на градови со преку 100 илјади жители
Севиља
Сарагоса
Малага
Мурсија
Палма де Мајорка
Билбао
Лас Палмас
Толедо
А Коруња
Пописот на градовите е направен според податоците за 2009 г.[ 1]
1) Со задебелени букви се означени градовите - седишта шпанските покраини (политички и/или судски)
2) Со закосени букви се означени предградијата на поголемите градови
Важни градови со помалку од 100 илјади жители
Авила - град во покраината Кастиља и Леон , под заштита на УНЕСКО
Бенидорм - град и познато летувалиште во Покраината Валенсија
Герника - историско средиште на Баскија
Ибица - град и летувалиште на Балеарските Острови
Касерес - град во покраината Естремадура , под заштита на УНЕСКО
Куенка - град во покраината Кастиља-Ла Манча , под заштита на УНЕСКО
Лорет де Мар - град и познато летувалиште во Каталонија
Мелиља - независен град-покраина на Шпанија на подрачјето на Африка
Мерида - главен град на покраината Естремадура
Ронда - град во покраината Андалусија , под заштита на УНЕСКО
Сантјаго де Компостела - главен град на покраината Галисија , под заштита на УНЕСКО
Сеговија - град во покраината Кастиља и Леон , под заштита на УНЕСКО
Сеута - независен град-покраина на Шпанија на подрачјето на Африка
Теруел - град во покраината Арагон , со вредно богатство од времето на Маврите
Толедо - главен град на покраината Кастиља-Ла Манча , под заштита на УНЕСКО
Убеда - град во покраината Андалусија , под заштита на УНЕСКО
Фигерес - град во покраината Каталонија , родно место на Салвадор Дали , со познат музеј посветен нему
Наводи