Норвешка е поделена на 19 грофовии (провинции) (нор.fylke), кои пак од своја страна се составени од 431 општина. Од 1 јануари2007 г. во земјата има 917 населени места, од кои 96 се со статус на град.
Во многу случаи неколку населени места, концентрирани околу еден град-јадро, формираат градска агломерација. Таков е случајот со Осло, кој од 1 октомври2010 г. има население од 597.000 жители, а неговата агломерација е со население од 912.100 жители. Метрополитенската област на главниот град опфаќа делови од населението на неколку грофовии и изнесува 1.422.500 жители, што е околу 25% од населението на цела Норвешка.
Во следната табела се прикажани сите градови со население над 10.000 жители во 2009 година. Осло е вклучен како агломерација, во која се вклучени самиот град, предградијата и соседните населени места. Вклучени се трите главни градски агломерација во земјата, а тие бројки се соодветни на комбинираниот број на населението од нивните составни делови.