Во Латвија постојат 10 градови (латвиски: valstspilsēta, „државен град“, мн. valstspilsētas) и 71 паланка (novada pilsēta, „општински град“, мн. novada pilsētas).
Според латвискиот закон, паланките се населени места кои претставуваат средишта на културата и трговијата со развиена инфраструктура и барем 2.000 жители. Сепак, постојат населби прогласени за паланки кои имаат помалку жители, но ги задоволуваат другите услови (или биле паланки во минатото).
За да стане град, населеното место треба да има барем 25.000 жители. Покрај тоа, градот треба да има развиен деловен сектор, сообраќај, општествени установи и да биде значително културно средиште. Овие услови може да се занемарат ако бројот на жители е доволно голем.[1]
Во 2020 г. е одлучено поимот „републички град“ службено да се замени со „државен град“ (valstspilsēta). Во таа прилика дотогашната паланка Огре е прогласена за државен град.[2]
Најголемите 7 државни градови имаат независни управи, а најмалите 3 (Јекабпилс, Огре и Валмиера) се во состав на општини.[3]