Историски, во Кралството Ирска и Обединетото Кралство, статусот на град бил формален (церемонијален), што значи дека местото уживало повеќе престиж од помалите места како околијата и паланката, но не подразбирал поголема правна власт. Ова важи и денес во Северна Ирска, како дел од Обединетото Кралство. Во Република Ирска пак, местата што се нарекуваат „град“ имаат посебна локална самоуправна власт.
Список
Ова е список на денешни и поранешни населени места со правен статус на град. Разговорно, за градови се сметале и други места што не го уживале тој статус.