Градовите во Луксембург се утврдени со статут, но иако се водат како градови, всушност не се целовити урбани подрачја. Послични се на општините, но со поинаков правен статус. Старешините (фр. échevins) на градовите формално ги назначува Велевојводата, додека пак општинските старешини ги назначува министерот за внатрешни работи.[1]