Во Литванија официјално има 103 градови (литв.: еднина miestas, множина miestai). Според државниот закон статус на град може да добие секоја населба од збиен тип со повеќе од 3.000 жители, во која барем 2/3 од вработените не работат во примарниот сектор за производство (земјоделство, шумарство, лов и риболов). Во посебни случаи и помалите населби со историски наследен статус на град можат да добијат статус на град.[1]
Првите градови во Литванија се појавиле XIII и XIV век. Најстар град во државата е Клајпеда. Повеќето градови во Литванија се стари, настанале пред XVII век, но има и нови, кои настанале како последица на брзата индустријализација на земјата во XX век. Некои настанале од познатите излетнички места и одморалишта.
Повеќето од 103 градови во Литванија се мали и само 19 градови имаат повеќе од 20.000 жители. Среќна околност е нивната рамномерна разместеност по целата територија на државата. Според последниот попис од 2001 г., 66,7% од жителите на Литванија живееле во градовите и овој процент и понатаму расте.