Сирачево (грчки: Περιβολάκι, Приволаки, до 1927 г. Σαράτσι, Сираци)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.331 жител (2021).
Селото се наоѓа на 3 километри западно од градот Лагадина во Лагадинското Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 96 метри.
Во XIX век Сирачево е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци[3][4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 македонски гркомани и работело грчко училиште[3][5].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 104 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 310 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Приволаки.[7]
Во 1928 година селото броело 568 жители.[8], додека во 1940 година селото броело 761 жител.
Селото во пописот од 1951 година броело 805 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 822 жители, во 1971 година имало 752 жители, во 1981 година имало 754 жители, додека во 1991 година имало 950 жители[9]. Денеска, населението на селото е 841 жител според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес: