Саракина (грчки: Σαρακήνα) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 63 жители (2021).
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Лагадинската област, југоисточно од Лагадинското езеро, во северното подножје на планината Хортач.
Селото најверојатно претставува нова населба бидејќи не се споменува на пописите пред 1928 година.
Во 1928 година селото броело 273 жители.[2], додека во 1940 година селото броело 262 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 216 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 220 жители, во 1971 година имало 137 жители, во 1981 година имало 167 жители, додека во 1991 година имало 198 жители[3]. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес: