Селото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, јужно од Каваларци, во подножјето на истоимениот врв Станово.
Во Станово стојат урнатините на поствизантиската црква „Св. Ѓорѓи“.[1]
Историја
Во Отоманското Царство
Селото веројатно настанало во средниот век. Се спомнува како Истанова, Ситана, Станево. Во османлиските дефтери од XVII – XVIII век се води како чифлик Лагадинската нахија на Солунската каза.[2]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштена населба, веројатно поради војните.[6] На пописот од 1920 г. Станово имало 20 жители, кои во 1928 г. нараснале на 77 лица.[6]
Малку подоцна селото се распаднало поради маларичноста на теренот, а населението се преселило во соседното македонско село Каваларци.[6]