Геракари (грчки: Γερακαρού, Јеракару) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.080 жители (2021).
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 136 метри.
Во XIX век Геракари е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство, со алтернативно турско име Доганџи. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 45 семејства со 146 жители муслимани и 52 Грци[2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 115 Грци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.