Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, дваесетина километри југозападно од Суровичево и уште толку северозападно од Кајлари. Лежи на источниот брег на Рудничкото Езеро.
Историја
Во Отоманското Царство
Во османлиските дефтери на христијанското население во Леринскиот вилает од 1626/27 г. се вели дека Рудник се состоел од 68 христијански домаќинства.[4]
Во XIX век Рудник било големо македонско-турско село и седиште на Рудничката нахија во Леринската каза. Поради проширувањето Рудничкото Езеро и заблатувањето на површините околу селото, нахиското седиште е преместено во Суровичево и Рудник постепенно опаднал.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рудник (Roudnik) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства, од кои с 12 жители муслимани и 365 Македонци.[5][6]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Рудник:
„
На исток [од Чор] се наоѓа селото Родник со 20 муслимански и 30 македонски куќи. Данокот на првите изнесува 1.800 пијастри, а на вторите — 4.200 пијастри и инание-аскерие од 2.080 пијастри.[7][8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рудник се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 133.[3] Во 1924 г. властите ги иселиле малубројните турски семејства во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место довеле поголем број грчки семејства од Северен Епир во Албанија. Во 1928 г. бил македонско-дојденска населба со 341 жител, од кои 214 лица (60 семејства) биле грчки дојденци.[13] Истата година е преименувано во Анаргири, што значи „Бессребреници“.[14]
Во текот на 1960-тите дел од жителите се преселиле во градот Кајлари.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
475
466
510
352
406
461
498
452
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Бидејќи лежи во полето на Сариѓол, селото е доста богато. Се произведуваат големи количества тутун, детелина и жито.[3]
Личности
Киријаз Георгиев — борец во Балканските војни од четата на Пандил Шишков[15]