Росици се наоѓало во северниот дел на Петерското Езеро, меѓу селата Пателе и Петерско.[1] Било сместено во југозападното подножјето на високиот рид Најдово Трло (896 м)[2]. Се наоѓало веднаш до денешното полуостровче Преображение на 3 км северозападно од Пателе, на кој стои параклисот „Св. Преображение“ изграден во 1929 г.
На север се наоѓа возвишението Кале, на кое се наоѓала утврдена населба или воени објекти.
Според преданието, селото е потопено во втората половина на XVII век од надојдената вода на Петерското Езеро. Истовремено се поплавиле и селата Рудник и Острово, иако тие опстојуваат до денес.[1] Населението на Росици се преселило во Пателе.[1]