Езерото се наоѓа на територијата на леринскатаОпштина Суровичево. Се наоѓа на надморска висина од 593 метри, а површината околу 1,7 км2. Поврзано е со соседното езеро Зазерци, од каде што добива вода. Неговите води пак се влеваат во Петерското Езеро. На неговиот североисточен брег се наоѓа селото Рудник (Ανάργυροι), а на југозападниот се урнатините на селото Врапчин (Χειμάδιο).