Езерото е сместено на притока на реката Галешово на севернните падини планината Одре, на височина од 950 м. Лежи во областа Костенарија, на 24 км југозападно од гратчето Рупишта. Го носи името на селото Скумско (Врахос), кое се наоѓа на 1 км западно од езерото.[1]
Особености
Езерото е создадено во 2010 г. со цел да се решат проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето во тој крај, притоа создавајќи место за разонода кое го потпомага туристичкиот развој на подрачјето.[1]
Зафаќа површина од 6,5 км2. Изградена е и посебна пречистителна станица.[1] Достигнува најголема длабочина од 35 м.[2]