12 март - Европскиот парламент во Стразбур, со 478 гласови "за", 92 "против" и 42 "воздржани", усвои Резолуција за напредокот на Република Македонија во 2008 година, врз основа на Извештајот на европратеникот Ерик Мејер[1].
3/4 април - Во периодот од 3-4 април 2009 година се одржа Јубилејниот Самит на НАТО (60 години НАТО) во Стразбур (Франција) и Кел (Германија). Иако Република Македонија не доби можност да учествува на Самитот, во чл. 22 од Финалната Декларација од Самитот НАТО, Северно-атлантскиот совет уште еднаш се повика на договорот од Самитот во Букурешт, за упатување покана за Република Македонија веднаш штом ќе биде најдено заедничко прифатливо решение за името во рамки на ОН. НАТО ќе продолжи и натаму да дава поддршка и асистенција на реформските напори на Владата на Република Македонија. НАТО исто така ја поздрави скорешната одлука на Република Македонија да ја зголеми својата контрибуција во ИСАФ.[2]
5 септември - во Охридското Езеро потона бродот “Илинден“ и притоа животот го загубија 15, а беа спасени околу 40 лица. Жртвите беа главно бугарски државјани.
29 септември - Европратеникот Зоран Талер од Словенија е именуван за нов известител на Европскиот Парламент за Република Македонија.
октомври
13 октомври - Се одржа состанок Република Македонија со Високиот политички комитет на НАТО (зајакнат), на кој беше претставен текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за 2009-2010 година за членство во НАТО, како дел од 11-от циклус на Акциониот план за членство во Алијансата.
14 октомври - Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ[3].
ноември
3 ноември - Владата на Република Македонија усвои Акциски план за активности со рок на исполнување до декември 2009 година, согласно препораките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
30 ноември - Советот на ЕУ донесе финална Одлука за укинување на визниот режим на Европската унија кон Република Македонија, со стапување на сила од 19 декември 2009 година.