17 март - Во Скопје се одржаа консултации РМ-НАТО за Процесот на преглед и планирање ПАРП. Делегацијата на НАТО беше предводена од Франк Боланд, началник на отсекот за планирање на силите на НАТО и одговорен за спроведување на ПАРП во земјите партнери.
24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година – "Спасител '97".
20 април - Активисти на ОМО Илинден не се пуштени од бугарската полиција до гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир. Собирот е забранет од окружниот прокурор и кметот на град Сандански. Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село Лозеница и вратен назад. Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село Ново Делчево. Едниот го документира со медицинско сведоштво.
29 април - Во Луксембург, Република Македонија и Европската Унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
12/16 мај – На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба "Спасител '97", прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.
24 мај - Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
24 мај - Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија.
8 јули - Усвоен е Законот за употреба на знамињата, со кој е регулирана употребата на македонското државно знаме, а е забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.
9 јули во Гостивар и Тетово се случиле т.н. Деветтојулски нереди. На општинските згради во Тетово и Гостивар било истакнато албанското знаме. Како резултат на тоа, македонската полиција се судрила со демонстрантите во Тетово, при што тројца Албанци биле убиени, а 312 уапсени.
август
22 – 31 август – Во Пепелиште се одржа билатералната "Медицинска вежба '97-2".
18 ноември - Делегација на Армијата на Р Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Топчето е откриено во Воениот музеј на Армијата на Турција.