Евгениј Поп Ацев го освои првото место во Генералниот пласман од Светскиот куп во далечинско пливање.
Берат Јакупи го освои втрото место на Европското првенство во карате во Кочели, Турција.
Јована Ѓорѓиева го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во категорија до 55кг. во Кочели, Турција.
Петар Заборски заврши како трет во категоријата У-21 на Европското првенство во карате во Софија, Бугарија.
Македонската репрезентација во традиционално карате на последното светско првенство во Мотекатини, Италија освои вкупно 14 медали од кој 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Димитар Ѓорѓиев беше трет на Светското првенство во кик-бокс во Будимпешта, Унгарија.
Берна Шерифовска стигна до бронзата на Балканијадата за сениори во Скопје.
Македонија има потенцијал за подобри резултати и во националните првенства и на меѓународната сцена. Да им посакаме на македонските спортисти успешна 2018 година и остварување на нивните амбиции[15].