Свети Илија претставува македонска православна црква во гостиварското село Пожаране.[1]
Црквата е изградена во 1902 година од страна на Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски, а возобновена е во 2009 година од страна на нивните потомци. До неа се пристига по асфалтен пат. На 2 август по повод патрониот празник Илинден секоја година се одржува прослава пред истата.
До црквата има чешма, возобновена во последните години, која надалеку е позната по лековитото дејство.
Галерија
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.