Агова Чешма — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Смоквица. Претставува населба од неолитско време.
На 1 км јужно од селото, веднаш до наоѓалиштето Голи Рид, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија и фрагменти од куќен лепеж. Најголема концентрација на овие материјали има во нивата на Апостол Митров. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 113. ISBN 9989649286.