Главата— археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Петрово.
Претставува населба од доцна антика.
На 500 м од селото, на левиот брег на Петрушка Река, во нивата на Илија Стојановски, на флувијална тераса што зафаќа површина од 250 × 150 м се гледаат грамади од речен камен, како и градежен материјал. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1].
Поврзано
Наводи