Мегдан — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Миравци. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на јужната периферија на селото. Во нивата на еден жител се среќаваат делови од керамички садови, питоси, и градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 109. ISBN 9989649286.