Милова Чешма — населба од доцноантичко време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Јужно од селото, во непосредната близина на државната граница со Грција, на површина од 70 × 50 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 101. ISBN 9989649286.