Бели Мост — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Петрово.
Претставува населба од железно време.
На 3 км источно од селото, на десниот брег на Стара Река, во подножјето на ридот Марков Манастир, во нивите на Т. Танков, Л. Велков, М. Митрев и Р. Петков се наоѓаат фрагменти од керамички садови со груба фактура, рачно работени. Поголема концентрација на археолошки материјал има во непосредната близина на средновековниот мост, и тоа од двете страни на патот за селото Петрово. Површински наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1].
Поврзано
Наводи