Панорама на селото од селската црква
Смоквица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, во Гевгелиското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 15 километри.[2]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Атарот зафаќа површина од 24,3 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.716 хектари, на пасиштата отпаѓаат 293 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смоквица имало 560 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смоквица имало 624 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 523 жители, а во 1994 година броело 326 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Смоквица имало 263 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 190 жители, од кои 177 Македонци, 3 Срби, 4 останати и 6 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Во XIX век, Смоквица било христијанско село во рамките на Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Смоквица се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Серменин.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во селото постои избирачкото место бр. 367 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[16]
|title=