Династијата Чјинг (официјално Големиот Чјинг) ( [tɕʰíŋ] ) е последната кинеска царска династија. Основана е во 1636 година и владеела со Кина од 1644 до 1912 година, а на кратко била возобновена во 1917 година. Оваа династија е следбеник на династијата Минг и по нејзиниот пад во 1912 била создадена Република Кина. Мултиетничката империја Чјинг опстојала скоро три века и во најголем дел ја опфаќала територијата на современа Кина. Династијата Чјинг била најголема по површина кинеска династија и во 1790 година четврта најголема империја во светската историја. Во 1912 година имала население од 432 милиони, и со тоа била земја со најбројно население во светот во тоа време.
Кон крајот на шеснаесеттиот век, Нурхачи, манџурискивелможа, започнал да организира „Банери“ - воено-социјални единици во чиј состав влегувале Манџуријци, Хан и Монголски припадници. Нурхачи ги обединил клановите за да го создаде етничкиот идентитет Манџурија и во 1616 година официјално се прогласил за владател на Претходната династија Ѓин. Неговиот син Хонг Таиџи ја прогласил династијата Чјинг во 1636 година. Династијата Минг полека слабеела, и во 1644 година избувнало големо востание и селските бунтовници го освоиле Пекинг. Генералот на династијата Минг Ву Сангуи им го отворил Шанхајскиот премин на војските на принцот регент Доргон, кој ги поразил бунтовниците, по што го зазел главниот град и ја презел власта. Поради отпорот на лојалистите на Минг на југот од државата и бунтот на тројцата феудатори го одложија целосното освојување на Кина до 1683 година. Императорот Кангси (1661–1722) ја зацврснал контролата на државата при што бил задржан идентитетот на Манџуријците, а истовремено бил покровител на Тибетскиот будизам. Тој ја имал улогата на конфуцијански владетел. Хан Кинезите работеле управувале заедно или под контрола на службениците од Манџуриските Кинези. За време на Династијата Чјинг, исто така, биле воспоставени идеалите на системот на придонеси со кои соседните земји како Кореја и Виетнам ја прифаќале супериорноста на Кина во трговијата и меѓународните односи. Исто така, Кина продолжила да се шири и воспоставиле контрола врз Тибет и Монголија .
Врвот на славата и моќта на династијата Чјинг бил достигнат за време на владеењето на царот Кианлонг (1735-1796). Тој презел Десет големи кампањи со кои контролата на Чјинг се проширила во Внатрешна Азија, а лично ги надгледувал конфуцијанските културни проекти. По неговата смрт, династијата се соочила со промени во светскиот поредок, империјализмот на западот, внатрешни бунтови, пораст на населението, економски пореметувања, корупција на службениците и неподготвеност на конфуцијанските елити да го променат својот начин на размислување. Во мирнодопските услови бројот на населението се искачил на околу 400 милиони жители, но даноците и државните приходи имале ниска фиксна стапка, што набрзо довело до фискална криза. По поразот на Кина во Опиумските војни, европските сили предводени од Велика Британија наметнале „неправедни договори“, трговски овластувања, екстратериторијалност и договорни пристаништа под странска контрола. Тајпиншкото востание (1850-1864) и Дунганшкото востание (1862-1877) во Средна Азија биле причина за смрт на преку 20 милиони луѓе, поради глад, болести и од самите војни. Возобновувањето на Тонгџи во 1860-тите придонело за големите реформи и воведувањето на странска воена технологија во движењето за самозајакнување. По поразот во Првата кинеско-јапонска војна во 1895 година, Кина ја загубила власта над Кореја и ѝ го отстапила Тајван на Јапонија. Амбициозната стодневна реформа од 1898 година предлагала фундаментални промени, но царицата Довагер Циси (1835–1908), која го имала последниот збор во националната влада во периот од три децении, ја оневозможила преку државен удар.
Во 1900 година ксенофобичните „боксери“ убиле многу кинески христијани и странски мисионери; како одмазда за тоа што странските сили ја нападнале Кина и го наметнале неправедниот Боксерски протокол. Како одговор на тоа, владата вовела фискални и административни реформи без преседан во Кина, меѓу кои биле избори, нов правен законик и укинување на испитниот систем. По смртта на императорот Гуангсу и Циси во 1908 година, конзервативците од Манџурија на суд ги спречиле реформите. Востанието во Вучанг на 10 октомври 1911 година ја предизвикала револуција во Синхај. По абдицирањето на Пуји, последниот цар, на 12 февруари 1912 година, довело до крај на династијата.
↑Elliott (2001), стр. 290–291. sfnp error: no target: CITEREFElliott2001 (help)
Извори
Bartlett, Beatrice S. (1991). Monarchs and Ministers: The Grand Council in Mid-Ch'ing China, 1723–1820. University of California Press. ISBN978-0-520-06591-8.
Clyde, Paul H.; Beers, Burton F. (1975). The Far East: A history of Western impacts and Eastern responses, 1830–1975 (6. изд.). Prentice-Hall. ISBN978-0-881-33612-2.
—— (2010). The Wobbling Pivot: China since 1800. Malden, MA: Wiley-Blackwell. ISBN978-1-4051-6079-7.
Crossley, Pamela Kyle; Siu, Helen F.; Sutton, Donald S. (2006). Empire at the Margins: Culture, Ethnicity, and Frontier in Early Modern China. University of California Press. ISBN978-0-520-23015-6.
Daily, Christopher A. (2013). Robert Morrison and the Protestant Plan for China. Hong Kong: Hong Kong University Press. ISBN9789888208036.
Hevia, James L. (2003). English Lessons: The Pedagogy of Imperialism in Nineteenth-Century China. Durham & Hong Kong: Duke University Press & Hong Kong University Press. ISBN9780822331889.
Rawski, Evelyn S. (1991). „Ch'ing Imperial Marriage and Problems of Rulership“. Во Rubie Sharon Watson; Patricia Buckley Ebrey (уред.). Marriage and Inequality in Chinese Society. University of California Press. ISBN978-0-520-06930-5.
Reynolds, Douglas Robertson (1993). China, 1898–1912 : The Xinzheng Revolution and Japan. Cambridge, MA: Council on East Asian Studies Harvard University : Distributed by Harvard University Press. ISBN978-0-674-11660-3.
Wang, Shuo (2008). „Qing Imperial Women: Empresses, Concubines, and Aisin Gioro Daughters“. Во Anne Walthall (уред.). Servants of the Dynasty: Palace Women in World History. University of California Press. ISBN978-0-520-25444-2.
Wright, Mary Clabaugh (1957). The Last Stand of Chinese Conservatism: The T'ung-Chih Restoration, 1862–1874. Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN978-0-804-70475-5.
Bickers, Robert (2011). The Scramble for China: Foreign Devils in the Qing Empire, 1832–1914. Penguin. ISBN978-0-7139-9749-1.
Cotterell, Arthur (2007). The Imperial Capitals of China – An Inside View of the Celestial Empire. London: Pimlico. ISBN978-1-84595-009-5.
Dunnell, Ruth W.; Elliott, Mark C.; Foret, Philippe; и др., уред. (2004). New Qing Imperial History: The Making of Inner Asian Empire at Qing Chengde. Routledge. ISBN978-1-134-36222-6.
Esherick, Joseph; Kayalı, Hasan; Van Young, Eric, уред. (2006). Empire to Nation: Historical Perspectives on the Making of the Modern World. Rowman & Littlefield. ISBN978-0-7425-4031-6.
Setzekorn, Eric (2015). „Chinese Imperialism, Ethnic Cleansing, and Military History, 1850-1877“. Journal of Chinese Military History. 4 (1): 80–100. doi:10.1163/22127453-12341278.
Smith, Richard Joseph (2015). The Qing Dynasty and Traditional Chinese Culture. Rowman and Littlefield. ISBN978-1-4422-2193-2.
Struve, Lynn A. (2004). The Qing Formation in World-Historical Time. Harvard University Asia Center. ISBN978-0-674-01399-5.
Waley-Cohen, Joanna (2006). The culture of war in China: empire and the military under the Qing dynasty. I.B. Tauris. ISBN978-1-84511-159-5.
Woo, X.L. (2002). Empress dowager Cixi: China's last dynasty and the long reign of a formidable concubine: legends and lives during the declining days of the Qing dynasty. Algora Publishing. ISBN978-1-892941-88-6.
Zhao, Gang (2013). The Qing Opening to the Ocean: Chinese Maritime Policies, 1684–1757. University of Hawaii Press. ISBN978-0-8248-3643-6.