Хосе Хервасио Артигас

Хосе Гервасио Артигас
Слика на Артигас, насликана од Хуан Мануел Бланес
ПрекариКарај-Гуасу
Починалсептември 23, 1850(1850-09-23) (возр. 86)
Асунсион, Парагвај
ПочивалиштеПлаза Индепенденсија
ДржаваОбединети покраини на Рио де ла Плата
Служба1797–
Чингенерал
Битки/војниБританска инвазија на Рио де ла Плата
Португалска инвазија на Банда Ориентал (1811–12)
Аргентинска војна за независност
Португалско освојување на Банда Ориентал
Аргентинска граѓанска војна
Потпис

Хосе Хервасио Артигас Арнал (шпански: José Gervasio Artigas Arnal, 19 јуни 1764 – 23 септември 1850) бил јужноамерикански и уругвајски политичар, генерал и активист за независноста на Уругвај. Тој се смета за национален херој на Уругвај и често се одликува како „татко на уругвајската државност“.

Животопис

Ран живот

Артигас е роден во Монтевидео на 19 јуни 1764 година. Неговите предци биле од Зарагоса, Буенос Аирес и Тенерифе.[1] Неговите баба и дедо се бореле во Војната за шпанското наследство и се преселиле во Јужна Америка барајќи подобар економско-социјален живот. Тие се доселиле во Буенос Аирес во 1716 година.[2] Артигас бил син на Мартин Хосе Артигас и Франсиска Антонија Арнал, која пак потекнувала од богато семејство.Своето образование го започнал во „Колеџот Сан Бернандино“, првично учел теологија, но сепак Артигас не сакал да се потчини на строгите дисциплински мерки на училиштето. Пред да го напушти училиштето, тој развил силно пријателство во Фернандо Оторгес, кој подоцна ќе работи со него.[3] На 12 годишна возраст, тој се преселил во село и работел на фармата на неговото семејство. Тој период имал чести контакти со гаучосите и староседелците и тоа оставило силен впечаток врз него.[4] Штом станал полнолетен тој се одделил од своите родители и се вмешал во криумчарење со говеда. Тоа резултирало со објавување на потерница од страна на властите во Монтевидео и богатите сопственици на хациенди. Дури и се објавила награда за неговата смрт.[5]

Работите се промениле со почетокот на Англо-шпанската војна во 1796 година, со што имало опасност од британски напад врз вицекралството Рио де ла Плата. Вицекралот Антонио де Олагер и Фелиу со спогодил да му даде изземање на него и неговото семејство а како возврат требал да формира баталјон што би се борел против бристанската агресија.[6] Така, Артигас ја започнал својата воена кариера во 1797 година на 33 годишна возраст. Тој се стекнал со чин подофицир. Нападот се случил во 1806 кога Вилијам Белесфорд го нападнал Буенос Аирес при првата британска инвазија на Рио де ла Плата. Единицата на Артигас имала задача да ја патролира границата со Бразил, но Артигас побарал неговата единица да учествува во воената експедиција која била започната од Сантјаго де Линиерес во Монтевидео а со цел да се избркаат Британците од Буенос Аирес. Неговото барање било одобрено и британските трупи биле поразени. По ослободувањето на Буенос Аирес, тој имал задача да се врати во Монтевидео и да го информира гувернерот Паскуал Руиз Уидобро за резултатот на битките.[7] Следело и втора британска инвазија, овој пат со цел заземање на Монтевидео. Монтевидео бил заземен од британците за време на Битката за Монтевидео во 1807 година. Во таа битка Артигас бил заробен, но успеал да побегне и да се врати во внатрешноста на земјата. Тој организирал група на гаучоси и започнал герилска војна против Британците.[8] Британците се обиделе повторно да го заземат Буенос Аирес, но повторно биле поразени од локалните армии и со тоа го вратиле Монтевидео под шпанска контрола. По таа битка Артигас бил промовиран во капетан во 1809 година.[9]

„Ориенталната револуција“

Идеите на Просветителството и почетокот на Полуостровската војна во Шпанија создале силни политички турбуленции во целата Шпанска Империја. Шпанскиот крал бил симнат од власт и наместо наго Французите поставиле свој. Сето ова ги разгореле Латиноамериканските војни за независност. Војните биле водени помеѓу патриотите (луѓе кои се залагале за основање републики или уставни монархии) и монархистите (приврзаници на шпанскиот престол).

Артигас, кој сметал дека гаучосите немале добар третман од власта, станал поборник на новите идеи. За време на Мајската револуција во 1810 година бил симнат од власт вицекралот во Буенос Аирес и се создала Примера хунта, првата аргентинска влада. Маријано Морено, кој бил секретар за војната, сметал дека Артигас бил силен противник на монархистите во Монтевидео и затоа го повикал во Буенос Аирес на интервју. Сепак, додека Артигас пристигнал во Буенос Аирес, Морено ја напуштил владата. Артигас не довил голема помош од Буенос Аирес. Тој бил промовиран во полковник, му дале пари и оружје и околу 150 луѓе. Сето тоа било малку да организира бунт или востание во Банда Ориентал (тогашно име на Уругвај). Ова е последниот пат кога Артигас бил во Буенос Аирес.[10]

Сцена од „крикот од Асенсио“.

Поради Мајската револуција, Шпанија го прогласила Буенос Аирес како „претстапнички град“ и го назначила Монтевидео како нов главен град на Вицекралството Рио де ла Плата (кое пак се распаѓало создавајќи нови независни држави), а на чело на тоа вицекралство бил назначен Франсиско Хавиер де Елио. Градот имал голем број финансиски проблеми и поради тоа Елио презел мерки за одржување на кралските приврзаници во градот. Тоа не било добредојдено од страна на народот, особено надвор од Монтевидео. Тоа го искористил Артигас и се обидел да го пренасчи незадоволството на народот од колонијалната власт.[11] Околу 100 луѓе се собрале во близина на малата река Асенсио, настан познат како „Крик од Асенсио“, или формално објавување на револт против вицекралот. Тие зазеле голем број села во Банда Ориентал, но и други поголеми населени места западно од реката Уругвај.[12]

Елио испратил војници да го убијат Артигас, но тие не успеале во нивната мисија. Потоа, тој го испратил Мануел Вилјагран, роднина на Артигас, да му понуди прошка и да се стекне со чин генерал. воен водач на Банда Ориентал и да се откаже од востанието. Ова било сметано за навреда од страна на Артигас и го испратил Вилјагран како затвореник во Буенос Аирес.[12]

Многу набрзо Монтевидео било опколено од силите на Артигас. Монтевидејската армија се обидувала да ги спречи патриотите за време на Битката на Лас Пједрас, но тие биле поразени и градот бил под опсада. Хосе Рондо наредил силите од Буенос Аирес да се приклучат кон опсадата на Монтевидео. Артигас сакал веднаш да го нападне Монтевидео, но Рондо сметал дека би имало помал број жртви со основање на блокада и со чекање на градот сам да се предаде. Сепак, овие не го зеле предвид фактот дека Монтевидео имал монарица, која го снабдувала градот со залихи.[13]

Ориенталниот егзодус, сцена.

Веќе кога Елио почвствувал дека поразот се ближел, тој стапил во сојузништво со Бразил, кога побарал португалска инвазија на Банда Ориентал. Диого де Суса навлегол во Банда Ориентал и предводел армија од пет илјади војници. Паралелно со тоа се случил и поразот на Мануел Белграно во Парагвајската кампања, поразот на Хуан Хосе Кастелји во Првата горноперуанска кампања и монтевидејската морнаричка блокада. Сето тоа ги заплашиле властите во Буенос Аирес дека ќе претрпат голем пораз и така тие потпишале договор со Елио кога го признале како владетел на Банда Ориентал и пола од Ентре Риос. Ова било сметано за предавнички чин од страна на Артигас. Тој ги раскинал односите со Буенос Аирес и ја тргнал блокадата на Монтевидео.[14]

Артигас ја напуштил Банда Ориентал и се преселил во Конкордија во Енте Риос. Сите негови поддржувачи дошле со него. Ова масовно напуштање е познато како „Ориентален егзодус“.

Врховниот директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата, Хервасио Антонио де Посадас, понудил награда од 6.000 долари за фаќањето на Артигас, жив или мртов. Ова било дополнителен мотив за одбивноста кон Буенос Аирес од страна на Ориенталците (поддржувачи на независноста на Банда Ориентал, т.е. Уругвај).Сепак, Артигас сè уште бил спремен да стапи во добро сојузништво со Буенос Аирес но само ако Обединетите покраини ја прифатат идејата за национална организација на државата заснована на федерални принципи.[15]

Посадас испратил уште две армии за да го фатат Артигас, но тие дезертирале и се приклучиле кон Оринеталците. Кога влијанието на Артигас се проширило и во Кориентес, Посадас барал да се спогоди со Оринеталците и прифатил автономија на покраините. Артигас ги прифатил условите, но напоменал дека таквата атономија не смее да значи национална независност. Тој не сакал да ја оддели Банда Оринетал од Обединетите покраини, туку сакал да основа конфедерација. Посадас го одложил одобрувањето на договорот.[16]

Буенос Аирес ги обновил воените акции против Монтевидео. Овој пат, воените морнарички вештини на Адмиралот Вилијам Браун помогнале при надминувањето на силата на монтевидејската морнарица со што се задал крајниот пораз на монархистичките упоришта. Карлос Марија де Алвеар го предводел заземањето на Монтевидео и го намамил Артигас со тоа што му ветил дека ќе го предаде градот во рацете на Ориенталците. Алвеар ги нападнал ноќе, но Артигас успеал да избегне од стапицата.[17]

Во 1814 година, Артигас ја организирал „Лигата на слободни народи“ или „Лига федерал де лос пуеблос либрес“ (Liga de los Pueblos Libres), за која тој се назначил за заштитник. Следната година тој го ослободил Монтевидео од „унитаристичките сили“ на Буенос Аирес.

Во 1815 година, Артигас учествувал на Конгресот на Ориенте, една година пред Тукуманскиот конгрес. Конгресот се одржал во Консепсион дел Уругвај и токму на овој конгрес поранешните покраини на вицекралството Рио де ла Плата, односно Провинсија Ориентал (Уругвај), Кордоба, Кориентес, Ентре Риос, Мисионес и Санта Фе (сите денес во Аргентина) објавиле независност од Шпанија и ја создале Федералната лига („Лига Федерал“). Тие ги поканиле и другите пранешни покраини од Вицекралството да ѝ се приклучат на лигата.

Лузо-бразилска инвазија

Брзото растечко влијание и престижот на Федералната лига ја уплашила владата во Буенос Аирес (поради федералистичките идеали) и владата на Поратугалија преку својата колинија Бразил (поради републиканските идеали). Во август 1816 година Португалија преку Бразил навлегла во Источната Покраина (тогашното име на Уругвај во склоп на Федералната лига) сè со цел да го уништи Артигас и неговата револуција.

Португалските сили, предводени од Карлос Фредерико Лекор го фатиле Артигас и неговите заменици и го окупирале Монтевидео на 20 јануари 1817 година, но сепак борбите продолжиле во наредните три години во внатрешноста на покраината.

Разбеснет од пасивноста на Буенос Аирес, Артигас објавил војна на Буеснос Аирес (Обединетите покраини) додека губел на фронтот од страна на Португалците. Членовите на Лигата успеале да го поразат централизмот на Буенос Аирес, но надежите за нова нација биле краткотрајни. Двајца командири влегле во сојузништво со Буенос Аирес и го напуштиле Артигас. Го оставиле Артигас да биде сосема поразен од Португалија.

Без ресурси и луѓе, Артигас се повлекол во Парагвај во септември 1820. Умрел во Парагвај во 1850 година, по политичкото неприфиќање на парагвајскиот диктатор Хосе Гаспар Родригес де Франсија.

На 19 јуни 1977 година посмртните останки на Артигас биле донесени во Мавзолејот на Артигас на централниот плоштад во Монтевидео.

Наводи

  1. Los abuelos de José Artigas (The grandparents of José Artigas). Accessed October 5, 2010 at 11:35.
  2. Luna, p. 25
  3. Luna, p. 26
  4. Luna, p. 27
  5. Luna, p. 31
  6. Luna, pp. 31-32
  7. Luna, p. 20
  8. Luna, p. 23
  9. Luna, p. 33
  10. Luna, p. 39-40
  11. Luna, p. 41
  12. 12,0 12,1 Luna, p. 43
  13. Luna, pp. 44-46
  14. Luna, pp. 46-47
  15. Luna, p. 55
  16. Luna, pp. 55-59
  17. Luna, pp. 59-60

Литература

  • Félix Luna, José Artigas: El caudillo revolucionario (José Artigas: The Revolutionary Leader). Buenos Aires: Planeta de Agostini, 2009.
  • Tyson Reeder, "'Sovereign Lords' and 'Dependent Administrators': Artigan Privateers, Atlantic Borderwaters, and State Building in the Early Nineteenth Century," Journal of American History, vol. 103, no. 2 (September 2016), pp. 323–346.

Надворешни врски

Read other articles:

Public, magnet school in Baltimore, Maryland, United StatesPaul Laurence Dunbar High SchoolAddress1400 Orleans StreetBaltimore, Maryland 21231United StatesCoordinates39°17′42″N 76°35′56″W / 39.29512°N 76.59876°W / 39.29512; -76.59876InformationSchool typePublic, MagnetMottoLearn Today, Lead TomorrowFounded1918School districtBaltimore City Public SchoolsSuperintendentDr. Sonja Brookins Santelises [CEO]School number414PrincipalYetunde ReevesGrades9–12Enroll...

 

Vier Reihen zu drei Plätzen von Rot-silber geschacht (Wappen der Stadt Ellrich) In silbernem Schildbord rot-silbern geschacht (Verbandsgemeinde Birkenfeld) Geschacht, auch geplätzelt, gewürfelt, Quaderstücke, Schach, symbolische Kärtchen, viereckiger Span, ist in der Heraldik die Bezeichnung für eine mehrfache Spaltung und Teilung eines Schildes in mehrere gleich große quadratische Plätze, die sich in der Tinktur abwechseln müssen (Schachbrettmuster). Es ist ein Heroldsbild. Geschach...

 

Monumen Putih Vladimir dan Suzdal Monumen Putih Vladimir dan Suzdal di Federasi Rusia merupakan sebuah situs yang telah ditetapkan sebagai Situs Warisan Dunia UNESCO. Warisan itu mencakup delapan monumen batu kapur abad pertengahan Zalesye dari akhir abad ke-12 dan awal abad ke-13. Mereka termasuk beberapa gereja dan biara Ortodoks Rusia, serta sebuah benteng dan gerbang: Gereja Boris dan Gleb di Kideksha (1152, dengan modifikasi selanjutnya) Suzdal Kremlin dengan Katedral Theotokos Natal (12...

Esta página cita fontes, mas que não cobrem todo o conteúdo. Ajude a inserir referências. Conteúdo não verificável pode ser removido.—Encontre fontes: ABW  • CAPES  • Google (N • L • A) (Março de 2016) Este artigo carece de reciclagem de acordo com o livro de estilo. Sinta-se livre para editá-lo(a) para que este(a) possa atingir um nível de qualidade superior. (Março de 2016) Finger Eleven Informação geral Origem Bur...

 

1972 television film directed by Sulev Nõmmik A Young RetireeDVD CoverDirected bySulev NõmmikWritten byEnn VetemaaSulev NõmmikProduced byEesti TelefilmStarringErvin AbelLia LaatsMarika SamussenkoLeida RammoHelmut VaagCinematographyHarri ReheEdited byAino LootusSalme KõrvemannMusic byÜlo VinterDistributed byEesti TelefilmRelease date 1972 (1972) Running time80 minutesCountriesUSSREstonian SSRLanguageEstonian A Young Retiree (Estonian: Noor pensionär) is a 1972 Estonian comedy film d...

 

الدوري البرتغالي الممتاز 2019–20 تفاصيل الموسم الدوري البرتغالي  النسخة 86  البلد البرتغال  التاريخ بداية:11 أغسطس 2019  نهاية:مايو 2020  مباريات ملعوبة 8   عدد المشاركين 18   أهداف مسجلة 21   الدوري البرتغالي الممتاز 2018–19  الدوري البرتغالي الممتاز 2020–21  تعد...

1990 video gameSecret of the Silver BladesCover art is based on the painting Bloodstone Lands by Larry Elmore.[1]Developer(s)Strategic Simulations, Inc.MicroMagic (Amiga, Mac)Publisher(s)Strategic Simulations, Inc.WizardWorks (re-release)Designer(s)David ShelleyProgrammer(s)Russell BrownKen NicholsonArtist(s)Mark JohnsonComposer(s)John HalbleibSeriesGold BoxPlatform(s)Commodore 64/128, DOS, Macintosh, Amiga, NEC PC-9801ReleaseNA: 1990NA: 1991 (Amiga, Mac)JP: July 17, 1992 (PC-98)Genre...

 

Overview of the languages spoken in Mali Languages of MaliSign in French at Ouélessébougou town hallOfficialBambara, Bobo, Bozo, Dogon, Fula, Hassaniya, Kassonke, Maninke, Minyanka, Senufo, Songhay languages, Soninke, TamasheqIndigenousBambara, Bomu, Bozo, Mamara, Maninkakan, Soninke, Songhay, Syenara, Tamasheq, XaasongaxangoVernacularAfrican French, Hassaniya ArabicForeignEnglishSignedFrancophone African Sign LanguageKeyboard layoutFrench AZERTY Mali is a multilingual country of about...

 

Arizona vehicle license plates ArizonaCurrent seriesSloganGrand Canyon StateSize12 in × 6 in30 cm × 15 cmMaterialAluminumSerial format7-character alphanumeric combinationsIntroduced1996AvailabilityIssued byArizona Department of Transportation, Motor Vehicle DivisionHistoryFirst issuedJanuary 1, 1914 (1914-01-01)(pre-state plates from 1912 to December 31, 1913)vte The U.S. state of Arizona first required its residents to register their motor vehic...

Rwandan passport (Pasiporo y'u Rwanda)TypePassportIssued by RwandaPurposeIdentification and Traveling document IdentificationValid inThis passport is valid for all countriesEligibilityRwandan citizenshipExpiration5 or 10 years The Rwandan passport is issued to Rwandan citizens for international travel. Rwanda started issuing East African Community Biometric Passport also known as E-Passport(With which entry to all east African countries is visa-free) in June 2019 replacing the old ones t...

 

Sint-Martinuskerk Sacramentstoren (Hiëronymus Duquesnoy de Oudere) Plaats Aalst Gewijd aan Sint-Martinus Gebouwd in 1480 -► 1660 Restauratie(s) 1900 -► 1903; 1947 -► 1955 Monumentale status Beschermd, OOooo427 - ID 237 Architectuur Architect(en) Jan van der Wouwe, Herman de Waghemakere, Laureys Keldermans, Jules Goethals, N.A. Van Malleghem Bouwmateriaal Zandsteen Toren Vieringtoren Koor Brabantse gotiek Schip Brabantse gotiek Interieur Preekstoel Willem van Biscom (1806...

 

2007 film by Gus Van Sant Paranoid ParkTheatrical release posterDirected byGus Van SantScreenplay byGus Van SantBased onParanoid Parkby Blake NelsonProduced byCharles GilbertNeil KoppStarringGabe NevinsTaylor MomsenJake MillerDaniel LiuLauren McKinneyScott Patrick GreenCinematographyChristopher DoyleRain Kathy LiEdited byGus Van SantDistributed bymk2 diffusion (France)[1]IFC Films (United States)Release dates May 21, 2007 (2007-05-21) (Cannes Film Festival) October&...

Billboard PublikationstypTidskriftÄmnenPopulärmusikGrundad1 november 1894Område USALandUSA HuvudkontorNew York, New YorkGrundareNielsen Soundscan, Eldridge och William H. Donaldson Ansvarig utgivareLynne SegallSpråkEngelskaFrekvensVeckovisHuvudägarePrometheus Global MediaWebbplatsBillboard.com Billboard är en amerikansk musiktidning, grundad 1894 av William H. Donaldson och James H. Hennegan. Den är berömd för sina listor över mest sålda skivor i USA, av vilka de mest prestige...

 

2007 American filmOne Minute to NineTheatrical poster for One Minute to NineDirected byTommy DavisWritten byTommy DavisProduced byJaime DavilaStarringWendy MaldonadoCinematographyTommy DavisEdited byLuis de LeonGeof Bartz (Every F---ing Day of My Life)Music byLeonardo HeiblumJacobo LiebermanProductioncompanyQuinto Malo FilmsDistributed byHBO Documentary FilmsRelease dates August 5, 2007 (2007-08-05) (Locarno Film Festival) July 24, 2009 (2009-07-24) (Unit...

 

American reggae rock band For other uses, see Pepper (disambiguation). PepperPepper performing on the Vans Warped Tour in 2007Background informationOriginKailua-Kona, Hawaii, U.S.Genres Reggae rock[1][2] alternative rock ska dub Years active1997–presentLabelsPepper, LAW Records, Volcom Entertainment, Lava/Atlantic, Powerslave Records, Skunk RecordsMembersBret BollingerKaleo WassmanYesod WilliamsWebsitepepperlive.com Pepper is a three-piece reggae rock band originally from Ha...

Surgical removal of the gallbladder CholecystectomyA US Navy general surgeon and an operating room nurse performing a laparoscopic cholecystectomyPronunciation/ˌkɒləsɪsˈtɛktəmi/ SpecialtyGeneral surgeryICD-9-CM575.0MeSHD002763CPT47562[edit on Wikidata] Cholecystectomy is the surgical removal of the gallbladder. Cholecystectomy is a common treatment of symptomatic gallstones and other gallbladder conditions.[1] In 2011, cholecystectomy was the eighth most common operati...

 

Hong Kong judge The HonourableKemal BokharyGBM JP包致金Non-Permanent Judge of the Court of Final AppealIncumbentAssumed office 2012Permanent Judge of the Court of Final AppealIn office1997–2012Preceded byNew officeSucceeded byRobert TangJustice of Appeal of the Court of Appeal of the Supreme Court of Hong KongIn office1993–1997Judge of the High Court of Justice of the Supreme Court of Hong KongIn office1989–1993Appointed bySir David WilsonJustice of the PeaceIn office1984–1...

 

American actor and screenwriter (born 1948) Michael McGreeveyMichael McGreeveyBorn (1948-02-07) February 7, 1948 (age 75)OccupationActor Michael McGreevey (born February 7, 1948) is an American actor and screenwriter. He starred in several Walt Disney films as a young actor and later became a writer for the Fame TV series. He is the son of Emmy Award-winning television and film screenwriter John McGreevey. Career Michael McGreevey's first major role was as young cabin boy Chip Kessler in...

Style of hat or headwear This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Whoopee cap – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2017) (Learn how and when to remove this template message) George Lindsey as Goober Pyle wearing a typical whoopee cap A whoopee cap is a style of headwear popular among ...

 

Parlamento de Navarra VIII LegislaturaInformación generalCreación 26 de julio de 1982[1]​Atribuciones LORAFNATipo UnicameralInicio de sesiones 15 de junio de 2011Fin de sesiones 30 de marzo de 2015LiderazgoPresidente Alberto Catalán (UPN)desde el 15 de junio de 2011 ComposiciónMiembros 50 diputadosDuración 4 años Grupos representados   19   G.P. de UPN   9   G.P. de PSN   8   G.P. de Bildu-Nafarroa ...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!