Источен Брег или Банда Ориентал (шпански: Banda Oriental), целосен назив Источен Брег на Уругвај или Банда Ориентал дел Уругвај (Banda Oriental del Uruguay), било името на јужноамериканските територии источно од реката Уругвај и северно од Рио де ла Плата. Овие територии денес се воглавно териториите на независната држава Уругвај, бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул и делови од сојузната држава Санта Катарина. Банда Ориентал била најисточната териорија или покраина на Вицекралството Рио де ла Плата.
По децениски спорови за териториите, во 1777 година со Првиот договор од Сан Илдефонсо се разрешила поделбата помеѓу Шпанската Империја и Португалската Империја. Јужните делови на Банда Ориентал требало да бидат под шпанска управа, поточно под раководство на Вицекралството Рио де ла Плата, додека пак северните предели под португалска управа, како склопен дел на Капетанијата де Сао Педро до Рио Гранде до Сул, Колонија Бразил.
Териториите немале посебни административни едицини, односно не претставувале поседни административни единици сè до создавањето на Источната Покраина во 1813 година од страна на Хосе Хервасио Артигас. На 7 март 1814 година, по распадот на Вицекралството и создавањето на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, Источната Покраина станала рамноправен член на федерацијата.
Mulhall, Michael George, and Edward T. Mulhall. Handbook of the River Plate: Comprising Buenos Ayres, the Upper Provinces, Banda Oriental, Paraguay (2 vol. 1869) online
Salvatore, Ricardo, and Jonathan C. Browen. "Trade And Proletarianization In Late Colonial Banda Oriental: Evidence From The Estancia De Las Vacas, 1791-1805," Hispanic American Historical Review (1987) 67#3 pp 431–459. in JSTOR
Sarreal, Julia. "Disorder, Wild Cattle, and a New Role for the Missions: The Banda Oriental, 1776–1786." The Americas (2011) 67#4 pp: 517-545. online
Historia 2 - Mundo, América Latina y Uruguay Siglo XV al XIX, Ediciones Santillana Uruguay, ISBN978-9974-95-457-1