Главен град е Парана (250,000 жители), и лежи на истоимената река Парана.
Стопанство
Од земјоделието најзастапен е оризот (60% од националното производство), сојата, пченицата, пченката, и агруми со што е и втор производител и 16% оди во извоз во Европа.
Од сточарството има говеда (4,5 милиони грла) и овци, од кои 60.000 км2 се пасишта и фарми.
Од вкупното национално производство на јајца, Ентре Риос има удел од 37%. Се произведува и мед најмногу за извоз.
Индустријата за производство на храна и пијалаци е многу застапена. Има и многу млинови во кои се произведува брашно. Исто застапена е дрвната, хемиската, металургиската и машинската индустрија.
Географија и клима
Целиот регион е низина на некои места ива возвишенија до 100 м. Тука има два ридски предели т.н lomadas или cuchillas.
Името на покраината значи „меѓуречје“. Реки кои течат се: Парана на запад и југ; реката Уругвај и Мокорета на исток; и Гвајкираро на север.