Хосе Гаспар Родригес де Франсија

Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко
José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco
Портрет на Франсија.
Конзул на Парагвај
На должноста
12 октомври 1813 – 12 февруари 1814
12 јуни 1814 – 20 септември 1840
Претходник Фулхенсио Јегрос (1813)
Фулхенсио Јегрос (1814)
Наследник Фулхенсио Јегрос (1814)
Мануел Антонио Ортиз (1840)
Лични податоци
Роден(а) 6 јануари 1766(1766-01-06)
Јагварон, Парагвај
Починал(а) 20 септември 1840(1840-09-20) (возр. 74)
Асунсион, Парагвај
Националност Парагваец
Партија Independent
Вероисповед Католик, атеист од 1820.

Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко (шпански: José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco, 6 јануари 1766 –20 септември 1840) бил парагвајски политичар, револуционер и еден од двата први претседатели (конзули) на Парагвај, заедно со Фулхенсио Јегрос. Тој бил претседател на Републиката од 1814 до 1840 година.

Животопис

Хосе Гаспар Родригес де Франсија е роден во Јагварон, Парагвај. Неговиот татко бил по потекло од Бразил кој емигрирал во Парагвај. Неговата мајка била Парагвајка со шпанско потекло. Неговото крстено име било Џозеф Гаспар де Франза и Веласко (Joseph Gaspar de Franza y Velasco), но подоцна во животот започнал да го користи попопуларното име „Родригес“. Исто така, „Франза“ (Franza) го сменил во Франсија (Francia). Оригиналното име на неговиот татко било Гарсија Родригес Франса или на португалски Garcia Rodrigues França, сепак тој го стилизирал целото име и презиме налик на шпанските.

Тој бил учен во манастирско училиште во Сан Франсиско во Асунсион. На 13 април 1785 година, по четири години студирање, тој станал доктор по теологија и магистер по филозофија на Националниот универзитет во Кордоба.[1] Тој зборувал гварански, шпански, француски, латински и по малку англиски. Иако тој бил учен за свештеник, Хосе никогаш не станал тоа.

Хронологија на кариерата

  • 13 април 1785: доктор по теологија на магистер по филозофија.
  • 1807: станал член на советот во Асунсион
  • 1808: станал фискален службеник во советот
  • 1809 август: станал шеф на советот.
  • 17 јуни – 1 август 1 октомври- 15 декември 1811: секретар на Националната хунта.
  • 16 ноември 1812– 1 октомври 1813: секретар за надворешни односи на Националната хунта.
  • 1 октомври 1813– 1 октомври 1814: прв конзул на Републиката (заедно со Фулхенсио Јегрос)
  • 1 октомври 1814– 1 јуни 1816: диктатор за три години
  • 1 јуни 1816– 20 септември 1840: врховен диктатор на Парагвај.

Наводи

  1. John Hoyt Williams, The rise and fall of the Paraguayan republic page 21

Дополнителни информации

  • FRANCIA, 3 Vols. 600pgs each. Asunción, Paraguay: Editorial Tiempo de Historia. 2009. ISBN 978-99953-816-4-6. An annotated publication of the archived collection of Francia's writings, the Colección Doroteo Bareiro, held by the "Archivo Nacional de Asuncion"

Поврзано

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Фулхенсио Јегрос
Конзул на Парагвај
1813–1814
Наследник
Фулхенсио Јегрос
Претходник
Фулхенсио Јегрос
Конзул на Парагвај
1814–1840
Наследник
Мануел Антонио Ортиз


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!