Томе Буклески (Кичево, 21 октомври 1921 - 2 септември 2018) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и државник.[1]
Животопис
Бил член на КПЈ од 1941 година. Се вклучил во НОБ, заради што бил затворен во затворот во Тирана од април 1942 до септември 1943 година.[2] Од септември 1943 станал и член на Окружниот комитет на КПМ во Кичево, политички комесар на повеќе бригади и баталјони на македонската народноослободителна војска.[3]
По ослободувањето на Македонија, вршел повеќе високи партиски и државни функции. Бил член на Претседателството на ЦК СКМ, вработен во дипломатијата, пратеник во Сојузното собрание и во Собранието на СРМ, претседател на Матицата на иселениците на Македонија. Бил член, а од 29 април 1984 до 26 мај 1985 и Претседател на Претседателството на СРМ.[4]
Бил носител на „Партизанска споменица 1941”.[1]
Наводи