Средна Америка — централниот географскирегион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.
Поголем дел од Средна Америка се наоѓа на Карипското Плато. Регионот е геолошки активен, со повремени вулкански ерупции и земјотреси. Во 1931 и 1972, земјотресите ја уништија Манагва, главниот град на Никарагва. Плодните почви од вулканска лава во земјоделски продуктивните планински области се основната дејност на тамошното население.
Општествена географија
Геополитички, Средна Америка традиционално се состои од следните земји:
Според горната дефиниција, Средна Америка во 2006 има вкупно население од 39,267,000 жители. Целосно или делумно, Мексико е вклучено во Средна Америка под различни дефиниции. Обединетите Нации го вклучуваат Мексико во неговиот подрегион на Средна Америка, дефиниран како сите копнени држави на Северна Америка јужно од САД. Некои географи тука ги вклучуваат и југоисточните мексикански држави Кампече, Чијапас, Кинтана Ро, Табаско и Јукатан. Европската Унија не ги вбројува Белиз и Мексико во оваа дефиниција.
Панамскиот Канал, 77-километарски канал низ Панамскиот Провлак, ги поврзува Карипското Море од Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Иако физичкогеографски е трансконтинентална нација, само Панама (вклучувајќи го сегментот источно од Панамскиот Канал) често е сметана за дел на Северна Америка.
Порано постоела нација на Средна Америка во раниот XIX век која се состоела од сегашните нации Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Костарика (и дел од современата мексиканска држава Чијапас). Овој состав од територии понекогаш бил познат како Обединетите Провинции на Средна Америка или Федерална Република на Средна Америка.
Во Средна Америка жиевеат околу 191 милин жители.
Населението, главно, е разместено во континентално-приморските земјии во островските држави на Големите Антили. Во другите островски држави големината на територијата и бројот на населението се незначителни и се движат од неколку илјади до неколку стотини илјади.