Јужна Африка се простира јужно од реките Кунене, Окаванго и Замбези. Претставува висорамнина на околу 1 200 м.н.в. Заобиколена е со високи приморски планини, кои стрмно се спуштаат кон морето. Во средишните и во западните делови на Јужна Африка се наоѓаат полупустини и пустини, како што се Калахари и Намибиската Пустина.
Во Јужна Африка се среќаваат повеќе климатски типови: тропски во посеверните делови, умерено-континентален на висорамнините, супторпски покрај бреговите на океаните и пустински во пустините.
Држави
Во Јужна Африка се наоѓаат државите: Мозамбик, Мадагаскар, Малави, Замбија, Зимбабве, Боцвана, Намибија, Јужноафриканската Република, Лесото и Свазиленд.
Држава
Главен град
Површина(км2)
Население (ООН, 2009)
Боцвана
Габороне
581 726
1 950 000
Замбија
Лусака
752 614
12 935 000
ЈАР
Кејптаун/Преторија
1 221 037
49 320 500
Лесото
Масеру
30 355
2 067 000
Мадагаскар
Антонанариво
587 041
19 625 000
Малави
Лилонгве
118 484
15 263 000
Мозамбик
Мапуто
801 590
22 894 000
Намибија
Виндхук
825 418
2 171 000
Свазиленд
Мбабане
17 364
1 185 000
Зимбабве
Хараре
390 757
12 523 000
Население
од прегледот на државите се гледа дека Јужноафриканската Република е најголема и по површина и по број на жители. Во Јужна Африка живеат Бушмани, Хотентоти, Банту-црмци и доселеници од Европа и од Азија.
Стопанство
Населението, главно, се занимава со земјоделство и со сточарство. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: шеќерна трска, кафе, чај, тутун, лимони, портокали, банани, ананас, пченица и пченка. Во сточарството најразвиени се овци, кози и говеда.
Јужна Африка е богата со руди - злато, платина, дијаманти, бакар, уран, сребро, никел и др. Поради тоа, стопански е најразвиена регија во Африка. Со својот стопански развој особено се истакнува Јужноафриканската Република.